Џони Деп одбил 20 милиони долари за да се врати во „Pirates of the Caribbean“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Иако фановите ширум светот би сакале повторно да го видат Џони Деп во улогата на Џек Спароу, актерот за жал повеќе не планира да соработува со „Дизни“, пишува „Дејли Мејл“.

И покрај многуте шпекулации за потенцијалното враќање на актерот во франшизатаPirates of the Caribbean“, што според извештаите може да му заработи и до 20 милиони долари, неговите пријатели велат дека тој засекогаш завршил со „Дизни“.

Тој е сè уште бесен поради начинот на кој студиото ја прекина соработката со него, откако поранешната сопруга Амбер Херд го обвини за семејно насилство.

Минатата недела, претседателот на студиото „Дизни“, Шон Бејли, се најде на светските насловни страници кога рече дека студиото „во овој момент не се обврзува“ за враќање на Деп.

Нашироко беше сфатено дека „Дизни“ ја остава вратата отворена за Деп, по неговата победа во судот во Вирџинија минатата година поради обвиненијата за семејно насилство.
Пријатели на актерот велат дека Деп не е заинтересиран да се појави како Спароу.

„Тие само така го фрлија, а Амбер лажеше“, рекол пријател на Деп. Наводно му понудиле 20 милиони долари за да се врати во улогата на Џек Спероу.

Фото: EPA/CHRISTOPHE KARABA

Да потсетиме, на крајот на минатата година, продуцентот Џери Брукхајмер изјави дека „работат на тоа“ да го вратат Деп во новиот дел на „Pirates of the Caribbean“. Брукхајмер беше отворен за опцијата Деп да се врати во франшизата на Дизни бидејќи без неговиот лик, кој се појави во сите пет дела, невозможно е да се замисли шестиот дел.

Филмот беше ставен во мирување бидејќи не се знаеше како ќе заврши судскиот спор на Деп со Амбер Херд, причината поради која „Дизни“ го суспендираше актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот