Џин Хекман живеешe со 30 години помладата сопруга: За 20 години само еднаш бea фатени заедно, а утрово бea пронајдени мртви во својот стан
Страшна вест пристигна од Соединетите Американски Држави. Славниот актер Џин Хекман и неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава, се пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико.
Препорачано
Трагичната вест ја потврдија и од канцеларијата на локалниот шериф.
Неговите ретки моменти во јавноста, како минатогодишното излегување со сопругата, беа потсетник на неговата големина.
Хекман, кој имаше 94 години, и неговата сопруга последен пат беа видени заедно минатата година во ресторанот „Пападо“ во Санта Фе, каде што ручаа тивко далеку од очите на јавноста. Нивното ретко појавување предизвикало големо внимание, бидејќи оскаровецот со години водеше повлечен живот далеку од Холивуд.
Џин Хекман се повлече од актерството во 2004 година, по што реши да води мирен и повлечен живот далеку од Холивуд.
Тој не даваше интервјуа и не се појавуваше на јавни настани, туку се фокусираше на пишување книги и насемејниот живот со неговата 30 години помлада сопруга Бетси Аракава во Санта Фе.
Неговото последно појавување на црвениот тепих беше на доделувањето на Златните глобуси во 2003 година, а оттогаш ретко се појавуваше во јавноста. Повремено го фотографираа додека извршуваше секојдневни активности, како возење велосипед или работа во градината, но таквите моменти беа исклучително ретки.
Хекман неколкупати изјави дека нема желба да се врати на актерството и дека ужива во анонимноста што му ја пружа животот надвор од светлата на рефлекторите.

Која беше Бетси Аракава, сопругата на Џин Хекман?
Според пишувањето на „Њујорк тајмс“, Џин Хекман ја запознал Бетси Аракава во теретана во Калифорнија, каде што работела со скратено работно време додека развивала кариера во класичната музика. Се наведува дека Аракава е родена на Хаваи на почетокот на 1960-тите години.
Бетси била пијанистка и се омажила за Хекман во 1991 година.
Без профили на социјалните мрежи и без интервјуа за себе или за својот љубовен живот, Аракава го чуваше својот живот подалеку од очите на јавноста.
„Каде што живееме, во Санта Фе, можете да го живеете својот живот и да не ве попречуваат најновите озборувања“, изјавил своевремено Џин Хекман за „Ајриш индепендент“.
Според биографијата на Хекман, тој и Бетси Аракава го делеле својот дом со две кучиња – германски овчари. Тие претходно имале три: во 1999 година, парот посвоил трето куче за да им се придружи на нивните две германски овчари во Санта Фе, според пишувањето на „Балтимор сан“ .
Додека Хекман го снимал филмот „The Replacements“ во Балтимор, две кучиња дошле на сетот. Актерот ги однел кучињата во локално засолниште, кое ги именувало кучињата по Хекман и неговиот колега Кијану Ривс – Џин и Кијану. Двојката го посвоила кучето по име Џин.
Иако Хекман и Аракава немаа деца заедно, таа била маќеа на трите деца на актерот од неговиот претходен брак.
Зборувајќи за „Ајриш индепендент“ во 2000 година, актерот за своите деца рекол:
„Тешко е да се биде син или ќерка на славна личност. Не можев секогаш да бидам дома со нив кога растеа, а потоа, живеејќи во Калифорнија, нивниот успех секогаш им висеше над нивните глави“.
Нивната љубовна приказна траеше повеќе од 30 години, а заедничкиот живот го поминаа далеку од рефлекторите, уживајќи во природата и мирот на американскиот југозапад. Нивниот дом, уреден во југозападен стил, претходно беше објавен во престижните списанија.
Џин Хекман, еден од најпочитуваните актери во филмската историја, освои два Оскари и остави неизбришлива трага во кинематографијата.
Легендарниот Џин Хекман, сопругата и нивното куче пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе


