Џез-составот „Некст ту сајленс“ ќе одржи концерт во Музејот на вода крај Охридското езеро

Музејот на вода е едно од најмагичните места на Охридското езеро и се наоѓа над археолошкиот локалитет Плоча – Миќов Град. Џез-составот „Некст ту сајленс (Next to Silence)“ на тоа место ќе одржи концерт на 22 мај, со почеток во 13 часот.

– Концертот, кој се организира во соработка со Завод и музеј – Охрид и Центарот за истражување на предисторијата, ќе се изведе на реконструираната наколна населба во рамки на Музејот на вода кај Градиште. Добредојдени се сите што сакаат да слушнат и видат како звучи и изгледа овој спој на џез музика и предисторија во епскиот амбиент на Заливот на коските – истакнуваат од бендот.

На овој настап „Некст ту сајленс“ ќе изведат авторски дела од нивниот албум, како и композиции од реномираната издавачка куќа ЕСМ, коишто целосно се вклопуваат во природниот амбиент на заливот.

Концертот ќе биде бесплатен, а за влез во Музејот на вода се наплаќа билет од 120 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот