Џеси Лингард од јануари во клубот на Стивен Џерард?!

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вест хем и Нотингем форест, Џеси Лингард би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Последен пат играше со тимот на Нотингем, но летото му истече договорот и стана слободен играч.

Лингард привремено тренира со Вест хем, со надеж дека ќе се врати во дресот на „Чеканите“, но Дејвид Мојс и клубот решија дека нема да им бидат потребни услугите на фудбалерот кој до ден денес останува без тим.

Тоа може да се промени бидејќи Ал Етифак од Саудиска Арабија е подготвен да му понуди договор на Лингард во јануари.

Менаџерот на саудискиот клуб, Стивен Џерард сака да го доведе Англичанецот, па конечната одлука ќе биде на Лингард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот