Џенифер Лоренс - Фото: Инстаграм

Џенифер Лоренс проговори за постпородилната депресија: Мислев дека сè правам погрешно

Актерката Џенифер Лоренс отворено проговори за своите борби со постпородилната депресија по раѓањето на нејзиното второ дете. За време на неодамнешниот разговор со „Њујоркер“, 35-годишната актерка отворено раскажа за анксиозноста што ја доживеала кога го родила своето синче, претходно оваа година со сопругот Кук Марони. Таа се сетила дека мислела дека нејзиниот син, чие име и датум на раѓање не се откриени во јавноста, е мртов додека спиел,к пишува „Јаху“. 

Лоренс, 35, се присети на интензивните стравови што ја обземале, објаснувајќи како постојано се плашела дека нешто страшно ќе му се случи на нејзиниот новороден син. „Секој пат кога спиеше мислев дека е мртов. Мислев дека плаче затоа што не му се допаѓаше својот живот, ниту мене, ниту неговото семејство. Мислев дека правам сè погрешно и дека ќе ги уништам моите деца“, изјави актерката за „Њујоркер“.

Нејзиниот страв станал толку силен што во еден момент, во солзи, решила да побара совет за доење од ChatGPT. Вештачката интелигенција ѝ понудила зборови на охрабрување. „Правиш неверојатни работи за твоето бебе. Ти си толку грижлива мајка“, бил одговорот што го добила.

Лоренс, исто така, откри дека почнала да  зема Зурзувае (Zurzuvae), понов лек за постпартална депресија одобрен од ФДА, и истакна дека тој значително ѝ помогнал да ги ублажи симптомите. Добитничката на Оскар се омажи за Кук, 41, во октомври 2019 година. Покрај новородениот син, двојката има и 3-годишен син, Сај, кој е роден во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот