Џеко пред заминување од Фиорентина, станува соиграч со Македонец?
Медиумите во Босна и Херцеговина сè почесто ја отвораат темата за можно враќање на Един Џеко во Железничар, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори и каде што би можел симболично да ја затвори својата блескава кариера.
Препорачано
Се наведува дека Џеко би можел да ја промени средината уште во зимскиот преоден рок, со оглед на тоа што во Фиорентина не добива значајна минутажа. „Виолетовите“ се подготвени да се разделат со искусниот напаѓач, но нивната желба е тој да не остане во Серија А, со цел да не ја засилат конкуренцијата во неочекуваната борба за опстанок во која се најдоа сезонава.
Како можност се споменуваше и Јувентус, но таа опција брзо отпадна, по што во БиХ повторно се актуелизира приказната за враќање на Џеко во матичниот Железничар.
Легендарниот напаѓач е продукт на сараевскиот клуб, од кој во 2005 година, како 19-годишник, замина во Теплице. Потоа следеше импресивна европска кариера низ Волфсбург, Манчестер сити, Рома, Интер и Фенербахче.
Ако ваквите најави се остварат, Џеко во Железничар би заиграл и во тандем со македонскиот офанзивен фудбалер, Матеј Цветаноски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
44мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


