Џек Озборн - Фото: Инстаграм

Џек Озборн доби петто дете, девојче што го доби името на покојниот татко Ози

Четириесетгодишниот Џек Озборн и неговата сопруга Ари Гирхарт го добија своето второ заедничко дете (негово петто), девојче што го именуваа Ози Матилда Озборн, пишува „Билборд“. Радосната вест ја споделија на социјалните мрежи, а името е дадено во чест на нејзиниот покоен дедо, легендарниот рок-музичар Ози Озборн.

Џек и Ари во средата, на 11 март, објавија дека нивното семејство се зголемило за уште еден член, неколку дена по раѓањето на бебето. Во заедничка објава на една популарна социјална мрежа накратко напишаа:

„Ви ја претставуваме Ози Матилда Озборн“.

Со објавата споделија и црно-бело видео од новороденчето кое мирно спие на постелнина со цветен дезен. До неа се наоѓа и картичка со податоци за раѓањето, на која пишува дека е родена на 5 март и дека тежи 3,28 килограми. Во кадарот може да се забележи и црна плишена играчка во форма на лилјак.

Девојчето го доби името по својот дедо, рок-легендата Ози Озборн, кој почина во јули 2025 година на 76-годишна возраст. За Џек ова е петто дете. Со Ари Гирхарт веќе ја има ќерката Мејпл Артемис, родена во јули 2022 година. Од претходниот брак со Лиса Стели има уште три ќерки: тринаесетгодишната Перл Клементин, десетгодишната Енди Роуз и седумгодишната Мини Теодора.

Веста за доаѓањето на бебето пристигна три месеци откако Џек и Ари во декември 2025 година открија дека очекуваат дете. Тогаш Џек изјави дека се многу возбудени поради проширувањето на семејството и дека, иако бременоста можеби се случила малку порано отколку што очекувале, тоа било нешто што навистина го посакувале.

Тој додаде и дека успеале да му ја соопштат радосната вест на неговиот татко Ози пред неговата смрт, што на целото искуство му дало уште поголемо значење за семејството. Според него, тоа на некој начин им помогнало да се справат со тагата и истовремено им донело утеха и чувство на надеж.

„Како на некој чуден начин кругот да се затвори“, рече Џек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот