Џек Грилиш официјално на позајмица во Евертон
Англискиот фудбалер Џек Грилиш својата професионална кариера ќе ја продолжи во Евертон на позајмица од Манчестер сити.
Препорачано
Со „граѓаните“ 29-годишниот играч успеа трипати да ја освои Премиер лигата, двапати ФА Купот и по еднаш Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
За менаџерот на Евертон, Дејвис Мојс, ова е шесто засилување ова лето, откако претходно беа ангажирани Шарли Алкараз, Тирно Бери, Марк Траверс, Адам Азну и Кирнан Дусбјури-Хал.
– Искрено, ова е голем чекор за мене. Евертон е одличен клуб, со одлични навивачи. Штом разговарав со менаџерот, знаев дека има само едно место каде што сакам да одам. На социјалните мрежи бев преплавен со пораки од навивачите на Евертон, па постои и таа страна од тоа и тоа е уште една причина зошто го избрав Евертон.
Сакам да им се заблагодарам на навивачите за сите пораки што веќе ги добив. Ви благодарам за целата љубов и поддршка. Се надевам дека сега ќе можам да ви се оддолжам и сигурен сум дека ќе го направам тоа – рече Грилиш за клупскиот сајт.
Happy to be here and ready to get to work. 💪
— Everton (@Everton) August 12, 2025


