Тед Тарнер и Џејн Фонда / Фото: Profimedia

ФОТО | Џејн Фонда се прости од Тед Тарнер: „Го сакав со целото свое срце“

Џејн Фонда емотивно се прости од својот поранешен сопруг Тед Тарнер, неколку часа откако беше објавена веста за неговата смрт.

Актерката, која беше во брак со медиумскиот магнат од 1991 до 2001 година, на Инстаграм објави долг и трогателен текст во кој се потсети на нивниот живот заедно.

„Да бидеш сакан и истовремено некој да има потреба од тебе – тоа менува човек. Тед Тарнер ми помогна да поверувам во себе. Ми даде самодоверба“, напиша Фонда.

Таа додаде дека и покрај разводот, меѓу нив останала блискост и почит, а Тарнер често го нарекувала својот „омилен поранешен сопруг“.

Тед Тарнер и Џејн Фонда / Фото: Profimedia

Во објавата, Фонда се осврна и на неговата кариера и влијание, потсетувајќи дека токму Тарнер стои зад создавањето на телевизиските гиганти Си-ен-ен, Ти-би-ес, Ти-ен-ти и „Тарнер класик мувис“.

„Имаше голем живот, брилијантен ум и неверојатна смисла за хумор“, напиша таа.

Актерката откри и дека од него научила многу за природата, дивиот свет, стратегијата и бизнисот.

„Тед беше неверојатен стратег. Ги познаваше античките војни, Александар Велики и Џингис Кан. Имаше способност да гледа неколку чекори однапред“, истакна Фонда.

Тед Тарнер и Џејн Фонда / Фото: Profimedia

Таа посебно го пофали и неговиот ангажман за заштита на животните и природата.

„Го гледам сега на небото опкружен со сите животни што помогна да се спасат од исчезнување“, напиша актерката, споменувајќи бизони, волци, диви овци и многу други видови.

На крајот, Фонда се осврна и на неговите пет деца, за кои беше маќеа за време на бракот.

„Ако беше комплицирано да се биде во брак со него, замислете колку било комплицирано да се биде негово дете. Но, сите тие денес се добро“, напиша таа.

„Почивај во мир, најмил Тед. Беше сакан и ќе останеш запаметен“, порача Џејн Фонда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)

ФОТО | Почина Тед Тарнер, основачот на Си-ен-ен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот