Фото: EPA/FABIO FRUSTACI

Џанлуиџи Буфон кажа кои се според него причините за падот на италијанскиот фудбал

Италијанската фудбалска репрезентација ќе го пропушти и третото по ред Светско првенство, по неодамнешната елиминација во баражот против Босна и Херцеговина.

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, по ваквиот резултат поднесе оставка од својата позиција шеф на националниот тим во италијанската репрезентација и се обиде да го објасни својот став за неуспехот.

Во интервјуто за „Гардијан“ откри кои се причините кои тој ги смета за одговорни за падот на италијанскиот фудбал.

– Би рекол дека постојат три јасни причини. Првата е глобализацијата, која им овозможи на сите тимови да бидат многу конкурентни, а просечното ниво на игра многу се зголеми. Второ, до пред 15 години кога победувавме, бевме тактички посилни од нашите противници. И трето, имаме некои фантастични играчи, но она што недостасува е вистински креативниот талент како Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро или Франческо Тоти, кои ни помагаа да победуваме – рече Буфон.

Буфон со репрезентацијата успеа да стане светски шампион во 2006 година, а беше и финалист на Европското првенство во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот