Џафери: Собранието ќе биде секогаш како и досега отворено за припадниците на полицијата

Талат Џафери, Ден на полицијата / Фото: Слободен печат

Во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во негово лично име денот на полицијата го честиташе и претседателот на Собранието, Талат Џафери кој заедно министерот за внатрешни работи и други државни функционери присуствуваше на манифестацијата по повод 7 мај денот на полицијата што денес се одржа во Делчево.

– Дозволете со најголемата искреност до сите вас што секој ден сте будни, подготвени, никогаш уморни да застанете во одбрана и заштита на животот, имотот и правата, во чување на мирот и уставниот поредок на државата во секој миг од денот или ноќта, на секој агол од татковината, на копно, во воздух, во вода, на улиците на нашите градови, и села, дури и најоддалечените и понекогаш непристапни терени. При тоа, безрезервно и пожртвувано го ставите во опасност најскапоценото, вашиот живот, а со то ги ставите во незавидна положба, во состојба на постојан трепет и стравување вашите најмили за кои се разбира вие сте најдрагоценото и најмилото, истакна во својот говор претседателот на Собранието Талат Џафери.

Собранието на Република Северна Македонија, додаде тој, ќе биде секогаш како и досега отворено за вашите предлози, сугестии и конкретни законски измени кои би биле во насока на подобрување на статусот на полицијата.

– Дозволете на овој ден, да изразам голема почит за пожртвуваноста, посветеноста и херојството во вршење на тешката и во исто време одговорна должност на полициските службеници, нагласи Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот