Две титули за убавиците од Модно студио Црнокрак во Бејрут на Мис на Европа 2020

Вчеравечер во Бејрут, Либан, се одржа изборот за Мис на Европа 2020. 

На изборот за убавина Мис Европа, победи убавицата од Франција, титулата Прва придружничка ја освои Литванија, а Втора придружничка е девојката од Украина.
– Нашата претставничка, Ангела Јакимовска од Скопје направи убав успех влегувајќи во Топ 10 убавици, а дополнително освои и лента и круна за најубаво тело – Miss Best Body.
Таа на изборот настапи преку Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, изјави Мики Црнокрак од „лице место“.
Мики Црнокрак беше и член на жири комисијата.
Уште една девојка од Модното студио Црнокрак успеа да освои титула и тоа Трета придружничка. Станува збор за 19- годишната Црногорка Лара Стешевиќ, која ја претставуваше својата држава.
– Сите европски убавици престојуваа две недели во хотелот Ривиера на самиот брег на Средоземното море во Бејрут, Либан. Финалето се одржа во „Casino Du Liban“, за жал без публика, поради истите мерки кои и тука, во Либан, се преземаат како превенција од коронавирусот, додаде Црнокрак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот