Две студентки затрупани со снег во Турција, половина држава е под „жолта тревога“ поради бури и лавини
Повеќе од половина од 81 провинција во Турција се под „жолта тревога“ издадена од турската метеоролошка служба. Вкупно 48 провинции се под ова предупредување поради опасните временски услови проследени со силни бури, обилни дождови и висок ризик од лавини. На сила е препораката да не се патува.
Препорачано
Во регионите на Мармара и Егејското Море се очекува ветер со брзина од 90 километри на час, што веќе предизвикува страв од паѓање дрвја, уривање на покриви и прекини во морскиот и воздушниот сообраќај. Во источните делови главната закана се лавините.
Во провинцијата Хаќари, две студентки биле затрупани од голема количина снег што паднал од покрив на студентски дом. Тие биле спасени и се во стабилна состојба. Во областа Шемдинли, снегот од покривите урнал електрични столбови, оставајќи цели населби во мрак. Автомобили се заглавени под лавини на патиштата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
7час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


