Две работи кои децата никогаш нема да им ги простат на родителите: Кога ќе пораснат, тие можат да разберат, но не и да заборават!

Фото: Пиксабеј

Децата можат да им се налутат на своите родители. Понекогаш тие дури и ветуваат дека никогаш нема да им простат и нема да заборават. Честопати овие „слатки“ закани не значат ништо. Но, постојат и други случаи, постапки на возрасните, кои навистина им нанесуваат длабоки емоционални рани на децата .

Кога тие деца ќе пораснат, можеби ќе можат да ги разберат причините, но не и да простат.

Овие две работи децата обично никогаш не им ги простуваат на родителите!

Фото: Пиксабеј

Прекршени ветувања

Ако не постои начин да се исполни ветувањето, тогаш подобро е да не го давате. Ова е вистината што возрасните ја влеваат во нас уште од детството, нели? И тоа му го повторуваат на детето одново и одново, барајќи детето да го одржи зборот и да ги одржи ветувањата.

Сепак, самите возрасни честопати ги кршат своите ветувања, а во исто време секогаш наоѓаат изговори – не можеле, не успеале, некои трети причини го спречиле тоа, дека имаат толку многу проблеми што едноставно не можат да постигнат на сите страни …

Вие не можете ниту да поверувате колку години децата знаат да веруваат во некои ветувања и молчејќи секој ден да трпат разочарување поради тоа што ветување не е исполнето. Децата речиси никогаш не ги забораваат ветувањата.

Фото: Пиксабеј

Непочитување

Многу родители сметаат дека нивните деца се мали и дека ќе заборават сè. Тие исто така забораваат и дека децата не се еднакви со возрасните, па затоа ги потценуваат нивните достигнувања и успеси, кои се претежно мали, исто како нивКревката, нежна и весела детска душа ќе посака да ја пофалите за нешто мало, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и го велите тоа, не знаејќи колку со тоа го повредувате детето.

На пример, едно девојченце сака само да направи фустани за своите кукли. Родителите велат дека тоа е губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. На почетокот, ова се фустани кои се склопуваат од домашни материјали, но текот на времето се шијат и стануваат сè подобри и поубави. Кога ќе порасне девојчето, доколку има одлична кариера во светот на дизајнот и успее, секогаш ќе има и една грда меморија – дека нејзините родители никогаш не верувале во неа …

Фото: Пиксабеј

Бидете внимателни што им ветувате на децата. Бидете внимателни што ќе им кажете за нивните страсти и хобија. Постои голема шанса никогаш да не ви бидат простени непримерните зборови …

Дали се сеќавате на некое скршено ветување на вашите родители што и денес ве повредува?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот