Две лица од Кина пристигнаа во Македонија: Немаат симптоми на коронавирусот и се ставени под надзор

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Со полна заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот, постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација овие лица немале никакви знаци на клиничка симптоматологија“, истакна д-р Караџоски.

Доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека вчера во државата се пристигнати две лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“.

Станува збор за лица кои веќе биле во самоизолација во времетраење од 14 дена во Кина.

– Со полна заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот, постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација овие лица немале никакви знаци на клиничка симптоматологија – истакна д-р Караџоски.

Согласно протоколите, двете лица се ставени под здравствен надзор од 14 дена во соба за изолација.

– Сите лица кои ќе пристигнуваат од Кина, ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисеви, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на коронавирус, и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор согласно законските регулативи и прописи – додаде д-р Караџоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот