Две лица загинаа, едно е повредено во сообраќајна незгода во Припор

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Автомобил вчера излетал надвор од коловозот на улица „Христо Татарчев“ во Припор, а на лице место починале возачот А.А. (70) и сопатникот С.О (65), додека тешко повреден е другиот сопатник П.Ц.(71).

На 05.04.2023 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко моторно возило „Сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се вели во соопштението од МВР.

Увид направил и јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот