Две фудбалски легенди Снајдер и Кујт илегално се обложувале на веб-сајтови под контрола на нарко мафија?

Кутј и Снајдер се најдоа во проблеми со законот/ фото: EPA/ROBERT GHEMENT

Холандската полиција неколку часа ги испитуваше двајцата поранешни фудбалски репрезентативци, Дирк Кујт и Велси Снајдер поради сомневања дека илегално се обложувале на интернет страници кои се рацете на нарко дилери.

Според првичните резултати од истрагата за која шпекулираат холандските медиуми, се чини дека вината е поголема кај Кујт кој признал дека се обложувал на интернет страници, но негирал дека трошел по 25.000 евра на ден.

Полицијата за обложувањето на поранешните холандски репрезентативци дознала така што подолго време ги држела на око Пит С. и неговиот син Фреди С. за кои се сомневала дека се големи дилери на дрога и се сопственици на илегални интернет страници за обложување.

Полицајците кои ги прислужувале на осомничените, дошле до информации од криминалците дека Кујт троши по 25.000 евра на ден, нешто што го негира поранешниот фудбалер на Феенорд и на Ливерпул.
– Често оставав пари на интернет страницата, но понекогаш и добивав. Не играв поради пари туку уживав во играта – наводно им рекол Кујт на полицајците.

Весли Снајдер исто така бил на распит во полицијата, но тој не се наоѓа во толку големи проблеми. Инsпекторите откриле дека проблемите ги созадал роднина на поранешниот фудбалер кој направил големи долгови, па поради тоа мафијашите сакале долгот да го наплатат од Весли Снајдер.

Кујт засега има статус на сведот, но тоа може да се промени во „осомничен“ бидејќи постојат докази за големи уплати како на интернет страниците така и на бензиски пумпи, но и често плаќал големи суми во готовина, што инспекторите го сметаат за перење на пари.

Тој на инспекторите им изјавил дека за интернет страницата дознал од друг поранешен играч на Феенорд, но неговиот идентитет засега не е откриен.

Периодот кога се обложував преку Едобет сега е далеку зад мене и не би сакал да потсетувате на тоа време – изјави Кујт за „Де телеграф“.

Дирк Кујт има 41 година и има настапувано за Феенорд, Ливерпул и Фенербахче, а за репрезентацијата на Холандија има 104 настапи.

Весли Снајдер има 37 години и во кариерата играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ал гарафа од Катар, а за „лалињата“ има 133 настапи.
Двете фудбалски легенди заедно работат како коментатори на една холандска телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот