Двата тона марихуана што во четвртокот беа украдени во Јосифово, вечерва пронајдени во Арачиново

Двата тона марихуана што во четвртокот беа украдени од погон во валандовското село Јосифово, вечерва се пронајдени во скопско Арачиново, објави ТВ Телма по вечерашната полициска акција во тој дел од главниот град.

Извори од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат заплената, но повеќе информации и детали за акцијата најавија за утре.

Марихуаната била спакувана во 200 кутии, а украдена во четвртокот наутро со камион од погон за производство на масло од канабис во Јосифово.

Кражбата, што ја пријавил чуварот, била извршена и покрај забраната за движење во реонот на селото во кој се наоѓал производствениот капацитет.

ВИДЕО: Полициска акција во Арачиново, голем број на возила и специјалци во селото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот