ВИДЕО: Полициска акција во Арачиново, голем број на возила и специјалци во селото

Фото: Архива

Во скопско Арачиново во тек е полициска акција, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР), но одбиваат да споделат детали за акцијата со јавноста и истите ги најавија по нејзиното завршување.

Според ТВ 21, станува збор за акција во која се вклучени голем број на полициски возила и 30-ина специјалци. Пристапот до местото е забранет за што, од безбедносни причини, е формиран и полициски круг.

Како причина за акцијата, дел од медиумите шпекулираат со заплена на оружје, додека дел известуваат за заплена на погопема количина на марихуана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот