Дванаесет прилепчани завршија со труење во болница откако јаделе скара од месарница

Прилеп/ инфективно одделение /инфективна болница/ Фото: МИА

Вкупно 12 лица побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општата Болница Прилеп со симптоми кои асоцираат на алиментарна токсоинфекција, дознава „Слободен печат“ од свои извори во Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Според нашите извори, за сите пациенти заедничко биле што за празниците конзумирале месо што го купиле од една иста месарница. Инспекторите го затвориле објектот.

Повеќе детали се најавени за утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот