Двајца од приведените во Палас, пишувале заканувачки пораки до полицијата

Во полициската станица Карпош приведени се на распит двајца од петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас. Други двајца од оштетените утрово биле на распит, дознава Телма.

Неофицијално, приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата велејќи дека од припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив. Сè уште се трага по напаѓачите кои биле маскирани.

Полициската станица Карпош е под опсада. Сите приоди до неа се блокирани од страна на специјалци со маски и автомати.

Секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.

За кого била наменета неделната „порака“ од пукањето во „Александар Палас“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот