Двајца поранешни српски пратеници од партијата на Шешељ ставени на американската „црна листа“

Фото: Српска радикална партија

САД ги санкционираа поранешните пратеници во националното собрание на Србија, Вјерица Радета и Петар Јојиќ, поради вмешаност во корупција, се вели во денешното соопштението на Стејт департментот.

Со овие санкции, САД ја реафирмираат заложбата за борба против корупцијата во регионот, и покажуваат дека стојат „зад сите Срби во поддршка на демокртијата и владеењето на правото, а со повикување одговорност за сите кои ја злоупотребуваат власта за лични цели”.

-Радета и Јојиќ поткупуваа и застрашуваа сведоци кои требаа да се појават пред Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија а со цел да ги разубедат да дадат инкриминирачки докази против Војислав Шешељ, лидер на партијата Српска радикална партија (СРС), кој потоа беше обвинет за воени злосторства, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Во 2021 година српската влада одби да ги упаси и екстрадира Јојиќ и Радета, членови на Радикалната партија на Шешељ.

Прајс рече дека поради ова тие го попречувале судскиот процес, со што Меѓународниот кривичен суд требало да издаде меѓународни налози за апсење поради негово непочитување, а ова било закана за регионалната стабилност и негативно за националните интереси на САД.

На Радета и Јојиќ и на нивното најблиско семејство им е забрането да патуваат во САД, а целиот имот што го имаат во Америка, им се замрзнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот