Гласачко место ОУ.„Коле Неделковски“ во Центар / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Дваесет пријави за прекршување на изборниот молк, од кои 15 не се потврдени

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека до отворањето на избирачките места биле регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк.

Најмногу пријави пристигнале од подрачјето на СВР Скопје (6), потоа СВР Куманово (4), СВР Велес (3), додека по две пријави се евидентирани на подрачјата на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола. Една пријава е регистрирана и во СВР Струмица.

По преземени мерки и проверки, не се потврдени 15 од пријавените настани, соопштува МВР.

Дополнително, биле евидентирани и 47 објави на социјалните мрежи со содржини кои повикуваат на гласање за одредени кандидати, како и видеа и фотографии од партиски активности во изборни штабови, што претставува прекршување на изборниот молк.

МВР нагласува дека гласањето на болни и изнемоштени лица, како и на затвореници, поминало без нарушувања, освен еден изолиран настан кој е регистриран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот