Два портрети на Рембрант продадени на аукција за над 13 милиони евра

Фото: Instagram/ christiesinc

Два портрети на холандскиот барокен сликар Рембрант ван Ријн, до сега непознати за пошироката јавност и во приватна колекција веќе 200 години, денеска беа продадени на аукција во Лондон за повеќе од 13 милиони евра.

Аукциската куќа Кристи се надеваше дека двата портрети ќе се продадат од шест до девет милиони евра, но тие беа продадени за вкупно 13,122 милиони евра.

Сликите, масло на платно на холандскиот уметник од 17 век, останале во исто семејство додека експерт од аукциската куќа Кристи не ги забележал за време на рутинска проценка.

Портретите, за кои се верува дека потекнуваат од 1635 година, прикажуваат еден постар водоводџија по име Јан Вилемш ван дер Плујм и неговата сопруга Јапген Карелс.

Двојката била меѓу семејните пријатели на Рембрант и потекнувала од неговиот роден град Лајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот