Два напада на Боко Харам во североисточна Нигерија, најмалку 37 мртви

Боко Харам / Фото Архива на СП

Милитантната исламистичка група Боко Харам убила 20 лица во североисточна Нигерија кои се враќале од погреб на жртвите од претходниот напад на истата група, соопшти денеска локалната полиција, пренесува Би-би-си.

Нападот се случил кога возило со ожалостени лица наишло на експлозивна направа поставена од милитантите.

Портпаролот на полицијата наведува дека десет лица загинале на лице место, а уште десет починале во болница.

Претходно во понеделникот, милитантите егзекутираа 17 лица со огнено оружје во блиското село.

Полицијата тврди дека Боко Харам го организирал нападот затоа што жителите на тоа село одбиле да им го платат таканаречениот „данок на жетва“.

Милитантите често се обвинувани дека изнудуваат пари од населението во североисточна Нигерија за да ги финансираат нивните операции и да вршат контрола над тамошните заедници.

Локалните власти тврдат дека милитантите дошле од соседната држава Борно, каде годинава Боко Харам изврши неколку напади врз цивили.

Групата, чие име значи „Забрането е западното образование“, својот бунт против државата го почна во 2009 година и оттогаш постојано ги напаѓа секуларните училишта како дел од обидите да воспостави своја верзија на исламското владеење во регионот.

Групата стана позната кога во 2014 година киднапираше повеќе од 200 ученички од градот Чибок на североистокот на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот