Дувњак МВП на Европското првенство, екс вардарци во идеалниот тим

твитер

Капитенот на Хрватска е прогласен за најкорисен ракометар на Европското првенство кое денеска ќе заврши по одигрувањето на финалето помеѓу „коцкестите“ и Шпанија.

Ракометарот на Кил е најзслужен за пласманот на Хрватска во финалето на Европското првенство. Дувњак капитенски ја предводеше Хрватска во полуфиналето против Норвешка со осум постигнати голови, а истовремено беше вистински диригент на гранитната одбрана.

Во идеалниот тим кој денеска го објави ЕХФ се наоѓаат и двајца екс ракометари на Вардар, миленикот на навивачите, Игор Карачиќ кој е најдобар среден бек на ЕП, како и Хорхе Македа од Шпанија кој е прогласен за најдобар десен бек.

Покрај нив во идеалниот тим се наоѓаат уште и најдобриот стрелец на ЕП Сандер Сагосен, неговиот колега од норвешката репрезентација Магнус Јендал, а најдобар голман е Шпанецот, Гонзало Перез де Варгас. Во тимор се уште и Словенецот Блаж Јанц како најдобро десно крило, Унгарецот Банхиди кој е најдобар пивот како и Хенрик Пекелер кој е прогласен за најдобар дефанзивец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот