Фото: The Olympic Games/X

Дуплантис по четврти пат освои злато на Светско првенство, но не одеше на уште еден светски рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис продолжува да доминира во светот на скок со стап, откако по четврти пат во низа ја освои титулата светски шампион во сала.

На Светското дворанско првенство во Торун, популарниот Мондо триумфираше со импресивен скок од 6,25 метри, со што го подобри сопствениот рекорд на првенствата. Претходниот резултат од 6,20 метри го постави во Белград во 2022 година.

Зад него завршија Емануел Кралис, кој освои сребро со прескокнати 6,05 метри и Куртис Маршал, кој стигна до бронзата со резултат од 6,00 метри.

Иако постави нов рекорд на натпреварувањето, Дуплантис донекаде ја разочара публиката, бидејќи одлучи да не атакува на нов светски рекорд. Само неодамна, тој по 15-ти пат го подобри светскиот рекорд, достигнувајќи 6,31 метар, но во Торун не се реши да ја подигне летвичката на 6,32.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот