Фото: Инстаграм/„Дубиоза колектив“

„Дубиоза колектив“ сака да ја претстави и Македонија на Евровизија под знамето на „Апсурдистан“

Членовите на босанската музичка група „Дубиоза колектив“ ги замолија фановите да потпишат петиција за нивно заминување на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ливерпул.

„Покрената е петиција ‘Дубиоза колектив’ да учествува на Евровизија како претставник на оние кои не се претставени. Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија и Турција годинава нема да имаат претставник на европскиот натпревар, како и Босна и Херцеговина, која поради неплатени долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ) седум години не учествува на Евровизија“, велат тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dubioza Kolektiv (@dubiozagram)

Тие сакаат публиката да го даде својот глас на колективното барање ЕБУ да дозволи „Дубиоза колектив“ да настапува три минути и да ги претстави непретставуваните.

„’Дубиоза колектив’ ќе пее под знамето на Апсурдистан. ‘Дубиоза колектив’ не сака да се натпреварува, туку сака да учествува“, заклучија тие.

Сите заинтересирани може да ја потпишат петицијата овде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dubioza Kolektiv (@dubiozagram)

Популарниот бенд „Дубиоза Колектив“ одбележува дваесет години постоење

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот