Болница Кавадарци, фото МИА
Болница Кавадарци, фото МИА

Доенчето кое почина во Кавадарци било стабилно на визита, неколку часа подоцна починало

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска спроведе вонреден инспекциски надзор во кавадаречката болница, по наредба на министерот за здравство, а во врска со третманот и лекувањето на двомесечното доенче У.М., кое почина на 14 јануари на Одделот за педијатрија.

Од ДСЗИ информираат дека во моментот е во тек патоанатомска обдукција, по чиј завршеток ќе биде утврдена точната причина за смртта. Од увидот во медицинската документација е констатирано дека двомесечното бебе, било донесено во болницата на 12 јануари со упат од матичен лекар поради чести повраќања и поспаност.

Двомесечно бебе починало во болницата во Кавадарци

-При приемот, детето било прегледано од специјалист педијатар, биле назначени биохемиски испитувања и поставена дијагноза гадење и повраќање. Доенчето било без покачена телесна температура, со стабилна сатурација и реагирало на дразби, по што била вклучена инфузиона терапија и исхрана со адаптирано млеко – се вели во соопштението.

Според ДСЗИ, на 13 јануари здравствената состојба била стабилна.

-На 14 јануари бил повторен лабораторискиот наод на урина со уредни резултати, а при визитата во 15:30 часот состојбата повторно била оценета како стабилна. Подоцна истата вечер, во 20:48 часот, било пријавено дека доенчето не дише, по што веднаш биле преземени реанимациски мерки од педијатар и анестезиолог, кои траеле околу 40 минути, но без успех – додаваат од ДСЗИ.

Како основна причина за смрт, во извештајот на анестезиологот е наведена „ненадејна смрт на доенче“. Случајот бил разгледуван и на стручен колегиум, како и од Комисијата за квалитет, а ДСЗИ најави дека ќе иницира формирање комисија за стручен надзор при Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот