ДС: Да се преговара дали Охридската архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство
Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование, смета Демократски сојуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство – велат од ДС.
Според партијата, евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ.
-ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од македонскиот дел), да биде разрешена и во комисијата да се изберат истата историчари резистентни на политичко влијание – велат од ДС.


