Државното обвинителство на Хрватска ќе ги истражува околностите поврзани со смртта на Бандиќ: Сомнеж за кокаин и вијагра

Funeral of Zagreb Mayor Milan Bandic, who died on February 28, 2021 from a heart attack at Zagreb's Mirogoj cemetery. A large number of citizens and political elites came to the funeral, although the measures of the Civil Protection Headquarters for protection against Covid19 allowed 25 people to attend the funeral. Funeral of Zagreb Mayor Milan Bandic, Mirogoj, Croatia - 03 Mar 2021,Image: 595004851, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Goran Jakus / Shutterstock Editorial / Profimedia

Стјепан Перко, експерт за заштита на лични податоци, претприемач и активист, поднесе кривична пријава до Државното обвинителство поради неразјаснети околности поврзани со смртта на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

Имено, Бандиќ официјално почина од срцев удар, но, судејќи според хрватските медиуми, не е јасно каде починал и кој бил со него во тој момент, објави порталот Блиц.рс.

Хрватскиот портал Индекс пишува дека Перко им рекол дека ќе поднесе кривична пријава против блиската соработничка на Бандиќ, Наталија Прајс и неговите пријатели Гзим Реџепи, инаку почесен конзул на Македонија во Задар и Сергеј Ивановиќ.

Според информациите на локалните медиуми Реџепи и Ивановиќ изјавија дека биле со Бандиќ кога му се слошило.

Реџепи пак, изјавил дека со Бандиќ седеле, јаделе, испиле по едно кафе и дека тој одеднаш паднал и било јасно дека станува збор за инфаркт. Повикале итна помош која стигнала набргу и докторите од него ја презеле реанимацијата.

Во меѓувреме, сепак, започна да се споменува и Прица, откако, како што се наведува, стана јасно дека брзата помош за Бандиќ дошла во зградата во која живее таа , а не во зградата на Сергеј Ивановиќ, како што беше првично речено.

Исто така во медиумите почнаа да се шират и шпекулации дека Бандиќ починал од кокаин и вијагра додека бил со пријателите или пак, бил со пријателка.

Јелена Павичевиќ Вукичевиќ, која ја презеде функцијата градоначалник на Загреб по смртта на Милан Бандиќ, изјави дека не ја интересираат околностите за смртта на Бандиќ. Таа на новинарско прашање дали разговарала со Наталија Прица, категорично одговори: „Не, не, не, не, не, не, не“.

Во исто време, Државното обвинителство одговори на Индекс дека продолжуваат да постапуваат по кривичната пријава доставена од Стјепан Перко.

„Државното обвинителство на Република Хрватска, за кривичната пријава која ја наведувате во барањето, а за која самиот пријавител веќе ја извести јавноста, ќе се постапува во согласност со законските одредби, како и со секоја друга кривична пријава: ќе ја предаде на надлежното општинско државно обвинителство во Загреб преземајќи активности во рамките на нивната надлежност“, се вели во одговорот на ДОРХ за Индекс.

Се огласи и семејството на Бандиќ, велејќи дека пишувањето за околностите на смртта е медиумско линчување.

„Почитувани господа, ви се обраќам како полномошник на семејството на починатиот градоначалник на град Загреб, Милан Бандиќ, во врска со извештаите во медиумите за околностите и смртта на починатиот, и ја замолувам пошироката јавност да ги поштеди од медиумскиот линч. Веднаш по смртта на починатиот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, разни медиуми започнаа да објавуваат и емитуваат навредливи и клеветнички обвинувања за починатиот, кои продираа во приватноста на починатиот, но и во приватниот живот на неговото семејство. Имено, семејството на починатиот градоначалник на Град Загреб, го избегнуваше јавниот живот и медиумите и има намера да го стори тоа во иднина“, се вели во соопштението.

„Со навредливи и клеветнички соопштенија за починатиот, медиумите ги прекршија правилата на хуманост и побожност, го нарушија правото на личност, чест, углед, достоинство, приватна и интимна сфера на починатиот и неговото семејство, предизвикувајќи голема душевна болка на семејството на починатиот. Семејството на починатиот Милан Бандиќ, има право да му каже достоинствено збогум на својот сакан починат, што не го дозволуваат навредливите и клеветнички наводи во медиумите“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот