Државниот пазарен инспекторат ќе ја донира запленетата роба од Кванташки пазар

Фото: ДПИ

Робата што вчера ја заплени Државниот пазарен инспекторат од трговците на мало на Кванташки пазар ќе биде донирана во неколку установи низ земјава. Оваа одлука е донесена на вчерашната средба на директорите на Агенцијата за управување со одземен имот Дртитон Небиу и на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека првпат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово.

Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам на колегите од Агенцијата за управување со одземен имот и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата. Продолжуваме понатаму со активностите на терен, се истакнува во пишаната изјава на директорот Дритон Небиу.

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат, во соработка со Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот извршија инспекциски надзор на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место, а на терен беа присутни над 30 инспектори.

Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот