Државната обвинителка со тужба против њујоршката полиција поради употреба на прекумерна сила врз демонстранти

Фото: EPA-EFE/VARIOUS

 Њујоршката државна обвинителка Летиција Џејм денеска поднесе обвинение против градоначалникот и началникот на полицијата поради обвинувања дека полицијата во Њујорк употребила прекумерна сила во антирасистички протести по убиството на Џорџ Флојд во мај.

Федералното обвинение поднесено до Окружниот суд на Менхетн тврди дека полицијата често и неоправдано користела палки и друга физичка сила против демонстрантите, од кои многумина никогаш не биле обвинети за кривично дело.

Некои демонстранти имаа скршени коски или претрпеа потрес на мозок.

Загрижена мајката на викингот на Трамп: Не му даваат органска храна во затворот, ќе се разболи

Обвинението додава дека полицијата ги прекршила правата на демонстрантите и нареди обука и надзор за да се обезбеди крај на „незаконските” практики.

Поради користење прекумерна сила, Џејмс ја обвини полицијата за приведување стотици демонстранти, медицински персонал и набљудувачи без добра причина. Таа исто така ја обвини полицијата за масовни апсења, притвори и малтретирање на демонстрантите.

Градоначалникот Бил Де Блазио изјави дека поддржува големи дисциплински реформи, но се спротивставува на обвинението.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот