Државата несериозно се однесува кон најголемите вработувачи-Комората го промовираше Центарот за микро, мали и средни претпријатија

Стопанска комора

Антони Пешев, извршен директор на СКСМ истакна дека без стопанство, државата не може да опстане и ги повика политичарите конечно да го свртат своето внимание кон економијата

По здравствената, економската и енергетската криза пред нас е година на избори, а тоа ги плаши бизнисмените. Избори, значат блокиран процес на економска активност, па и она малку пари што доаѓаат пари од буџетот ќе бидат ставени под знак прашалник, истакна Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија на промоцијата на Центарот за мали, микро и средни претпријатија, кој ќе функционра во нивните рамки. Според Пешев, без економска актвност, без стопанство, државата не може да опстане и ги повика политичарите конечно да го свртат своето внимание кон економијата.

-Не може да се живее само од администрација, така не може да функционираме и крајно време е политичарите да разберат дека веќе не може да се однесуваат стихијно па, кој преживее, ќе преживее. Затоа на оние кои претендираат да владеат со државата, ќе им порачаме во изборните програми фокусот да се биде ставен на економијата- рече Пешев.

Идејата на Центарот е да се поддржат микро, мали и средни претпријатија, кои не се доволни видливи. Ова претставува и клучен предизвик како да им се помогне да остварат раст и да придонесуваат во поголема мера кон националната вработеност и да креираат додадена вредност, наведе Габриела Кулебанова, претседателка на Центарот.

-Тие сами и индивидуално не се во можност да имплементираат поголем развој, инвестиции и вработувања. Имаат малку работници и не може да се секогаш во тек со соодветните информации. Оттука основната цел на Центарот ќе биде да им се помогне да ги надминат бариерите, со креирање проекти, обезбедување редовни информации за состојбата на пазарот, пристап и поддршка за иновации и развој, вмрежување, контакти до фондовите за инвестициски развој, преквалификација, семинари итн.

ММСП претставуваат значаен и витален дел на економијата во земјата, со доминантно учество од 99,6 проценти од вкупниот број активни деловни субјекти и се најголеми работодавачи, обезбедувајќи околу 70 отсто од вкупниот број на вработени лица. Од друга страна, учеството на ММСП во додадената вредност е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. Ова е огромна маса компании, кои се несериозно артикулирани и немаат доволно глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот