Државата која е единствениот победник од кризата со нафтата

Следниот состанок на ОПЕК + е закажан за 10 јуни.

Саудиска Арабија ќе биде во најдобра положба да го ублажи влијанието од невидениот колапс на цената на нафтата, велат енергетските аналитичари.

– Саудиска Арабија и Русија победија во оваа „битка“, но тоа е пирова победа, вели Дејв Ернсбергер.

Енергетскиот сојуз меѓу членките на ОПЕК, Саудиска Арабија и Русија, односно група која често се нарекува како ОПЕК + се договорија на почетокот на овој месец дека ќе го намалат производството за 9,7 милиони барели дневно.

Сепак аналитичарите и натаму очекуваат ваквиот тек да ја ублажи загриженоста од прекумерна понуда.

– Конечно, Саудиска Арабија е победник, изјави Кристијан Малек, шеф на ЕМЕА истражувањето.

– Успеаа рано да излезат и да ја продадат нафтата додека постоеше побарувачка, а потоа ја повлекоа со својот последен рез, додава тој.

Малек тврди дека „единствен излез“ за нафтениот пазар е ОПЕК + да разгледа многу подлабоко намалување на производството, сугерирајќи Ријад да го разгледа нивото на производство на 6 милиони барели дневно.

Следниот состанок на ОПЕК + е закажан за 10 јуни.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот