Фотоволтаици/Фото: МИА

Државата ќе гради фотонапонски електрани, се задолжуваме со 87 милиони евра

Државната компанија ЕСМ се задолжува, а државата е гарант. Се зема кредит од ЕБОР и од КфВ

Државата ќе гради три фотонапонски електроцентрали Битола 1, 2 и 3 со кои се очекува да се добие зголемување на инсталираната моќност од обновливи извори на енергија од најмалку 180 мегавати. За тоа ќе се задолжи во ЕБОР со 37 милиони евра и во германскаат бнака за обнова КфВ со 50 милиони евра. Колку за споредба, вкупната моќност на трите блока на РЕК Битола е 700 мегавати.

На денешната седница на Комисјата за финансирање и буџет е Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост по скратена постапка.

Условите за овој заем од ЕБОР во висина од 37 милиони евра се: Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години. Отплатата АД ЕСМ – Скопје, ќе ја врши во 24 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 10 јуни и 10 декември секоја година. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. АД ЕСМ – Скопје, ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1 % од износот на заемот во рок од седум дена од денот на ефективност на Договорот за заем. АД ЕСМ – Скопје, ќе и плаќа на Европската банка за обнова и развој провизија во висина од 0,5% од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на потпишувањето на Договорот за заем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот