„Дрим тимот“ пукна стотка против Австралија (ВИДЕО)

twitter.com/usabasketball

Многу откази и повреди, но и покрај тоа, Американците и со трет или четврти тим можат да ја победат било која репрезентација во светот.

Составот на Грег Попович во пријателски натпревар како подготовка за СП во Кина пред околу 51.200 илјади гледачи во една спектакуларна атмосфера во Мелбурн со убедлив резултат 102:86 слевеше над Австралија.

Прв стрелец во победничките редови беше Кемба Вокер со 24 поени, следен од Мајлс Тарнер со 15 поени (14 скокови).

Потоа, Донован Мичел додаде 13 поени, Кајл Кузман 12, а по 11 реализираа Џејлен Браун и Џејсон Тејтум.

Кај Австралијците доминираше Крис Гулдинг со 19 поени за 22 минути на паркетот, три помалку забележа Пети Милс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот