Фото: kfshkendija.com

Дрилон Ислами е нов играч на ФК Шкендија

Актуелниот македонски шампион, фудбалскиот клуб Шкендија денеска објави дека нов играч на екипата е 25-годишниот дефанзивен играч за врска, Дрилон Ислами. Официјално потпиша договор кој го обврзува со Шкендија во следните 2,5 години.

Косовскиот интернационалец ја започна својата професионална кариера во Дрита и во периодот од 2019 до 2023 година запиша 43 настапи и еден гол. Со Дрита беше шампион на Косово во сезоната 2019/20.

Потоа, се пресели во редовите на Феризај, а од 2023 до 2025 година беше дел од Приштина со 62 настапи и три погодоци. Со Приштина успеа да дојде до пехарите во косовскиот Суперкуп (2023) и националниот Куп минатата сезона.

На 2 јуни 2025 година го облече дресот на романскиот клуб Клуж.

Шкендија по есенскиот дел во шампионатот моментно е на третата позиција со 36 бодови, зад водечкиот Вардар (42) и второпласираната Струга (41).

Тетовските „црвено-црни“ испишаа историја во својата дебитантска сезона во Конференциската лига на УЕФА. Го освоија 22 место во лигашкиот дел и обезбедија пласман во плеј-офот, а таму ќе играат против Лех од Полска или Самсунспор од Турција. Ждрепката за двојките е закажана за 16 јануари 2026. Натпреварите ќе се играат на 19 и 26 февруари.

Фото: Screenshot/instagram.com/fcshkendija/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот