Дрејк паузира од музичката кариера поради здравјето: Со години имал проблеми со стомакот

Фото: Профимедиа

Популарниот рапер Дрејк најави дека ќе паузира од музичката кариера. Само неколку часа по објавувањето на неговиот нов албум „For All The Dogs“, добитникот на повеќе награди Греми изјави дека со години има здравствени проблеми, пишува „Би-би-си“.

„Пред сѐ, морам да се фокусирам на сопственото здравје“, изјави канадскиот музичар.

„Ќе бидам искрен, веројатно нема да се занимавам со музика некое време“, објави тој во својата радио емисија во петокот. „Морам да се фокусирам на сопственото здравје, пред сè – и наскоро ќе зборувам за тоа“, изјави Дрејк.

„Ништо невообичаено, но, знаете, сакам луѓето да бидат здрави во животот, а со години ги имам најлудите стомачни проблеми. Ќе ја заклучам вратата од студиото накратко. Дури и не знам колку долго ќе трае. Можеби една година или така нешто. А можеби и малку подолго“, рече тој.

По оваа негова најава беа одложени неколку претстојни настапи.

Подоцна, тој објавил видео од радио-емисијата на Инстаграм, во кое им порачал на своите 143 милиони следбеници: „Се гледаме кога ќе се видиме“.

Според информациите од неговата веб-страница, следните настапи биле одложени, а тој требало да ги одржи во американските градови Денвер, Њу Орлеанс, Нешвил и Колумбус, Охајо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот