Драмски театар со претставата „Мојот маж“ гостува во Љубљана

Претстава „Мојот маж“ / Фотографија: Кире Галевски

НУ Драмски театар Скопје учествува на Меѓународниот фестивал РУТА – Група Триглав, кој од 9 до 14 февруари се одржува во Љубљана, Словенија. Во рамките на фестивалот на 13 февруари ќе биде изведена претставата „Мојот маж“, која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ.

Претставата „Мојот маж“ досега има добиено награди за севкупен уметнички ангажман на авторот и актерите, за главна женска улога – Наталија Теодосиевска, за драматизација – Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска и за костимографија – Роза Трајческа Ристовска.

Улогите во претставата ги толкуваат Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

Меѓународниот фестивал – РУТА (Регионална унија на театри) има за цел поврзување на шест репрезентативни театарски куќи во естетска, репертоарска, но и организациона смисла. РУТА е составена од МГЛ Љубљана, Словенија; Театарот „Улисис“, Загреб, Хрватска; „Камерен театар 55“, Сараево, Босна и Херцеговина; Градски театар Подгорица, Црна Гора; Драмски театар Скопје, С Македонија; и Белградско драмско позориште, Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот