Драматична истражувачка сторија на „Гардијан“: Инфлуенсерки промовирале пораѓања без доктор, бебињата умирале ширум светот
Долгогодишно истражување на „Гардијан“ открива дека мајки ги губеле своите бебиња, откако биле радикализирани слушајќи поткасти на инфлуенсерки кои „продавале приказна“ пораѓањата да се „природни“ – без лекари и бабици. Ова доведувало до гушење и големи проблеми во развојот на бебињата, а во сторијата се открива дека едно од нив не можело да излезе од родилниот канал 17 минути (главата излегла, но телото на бебето било заглавено). Медицинските професионалци се тренирани што да прават во вакви ситуации, каде вакви компликации во болнички услови се случуваат во 1 процент од пораѓањата, но со оглед на тоа што породувањето било без нивно присуство, во домашни услови, никој во собата што бил присутен не бил свесен за големите компликации. Мајката Есу Лопез се породила дома, сама, само во присутво на 3 пријателки.
Препорачано
Лопез ги запознала пријателките преку бизнис „Општество на слободно раѓање“ кое промовира пораѓање без никаква медицинска поддршка. Оваа верзија на породување се смета за широко радикална, екстремна – без ултразвук, за кој што лажно се тврди дека им наштетува на бебињата, и промовира „бременост без никаква грижа пред породувањето“.
„Општество на слободно раѓање“, како што открива „Гардијан“ е основано од Емили Салдаја и повеќето жени го пронаоѓаат преку нивниот поткаст кој е преземен 5 милиони пати. На Инстаграм имаат 132 илјади следбеници, на Јутјуб имаат 25 милиони прегледи. Продаваат „курс за слободно породување“. Од 2018 година заработиле над 13 милиони долари.
Кога Лопез го пронашла поткастот тој ја заинтересирал и секој ден слушала по една епизода од него. За 299 долари што ги платила, се зачленила и во „онлајн заедницата“ каде ги запознала трите другарки што биле со неа во собата дома, додека се пораѓала. За да се „подготви“ за нејзиното „слободно породување“ купила целосен водич во 2022 година за 399 долари.
Откако изгледала стотици часови од овие опасни материјали, Лопез добила самодоверба дека ова бил „најбезбедниот начин да се породи“ со сопственото дете без „непотребни медицински интервенции“. Пред породувањето таа отишла на ултразвук бидејќи бебето не мрдало вообичаено. Но, одбила да остане таму иако ѝ било потенцирано дека бебето е големо. Се повела по напишаното во материјалите што ги купувала онлајн кои лажно тврделе дека „женските тела не произведуваат бебиња кои не можат да излезат од мајките“.
Целиот текст може да го прочитате на Гардијан.


