Драма во домот на Мишел Платини, го разбудиле крадци и избегале со повеќе од 20 трофеи
Фудбалската легенда Мишел Платини доживеа вистински шок откако изминатата ноќ непознати сторители влегле во неговиот дом и украле бројни вредни спортски признанија.
Препорачано
Како што пренесуваат француските медиуми, кражбата се случила околу 5.30 часот наутро, а Платини се разбудил токму во моментот кога крадците заминувале од неговиот дом. Според првичните информации, одземени се речиси 20 предмети, трофеи, медали и други вредни лични спомени од блескавата кариера на поранешниот капитен на Франција.
Полицијата во Марсеј веќе ја започна истрагата за овој инцидент, а се очекуваат повеќе информации во наредните денови.
Ќе потетиме, Платини освен одличната кариера како фудбалер подоцна беше и претседател на УЕФА, а неодамна доби и ослободителна пресуда откако претходно беше суспендиран за скандал со корупција.
🚨 𝗠𝗜𝗖𝗛𝗘𝗟 𝗣𝗟𝗔𝗧𝗜𝗡𝗜 🇫🇷 𝗔 𝗘́𝗧𝗘́ 𝗖𝗔𝗠𝗕𝗥𝗜𝗢𝗟𝗘́ : 𝗨𝗡𝗘 𝗩𝗜𝗡𝗚𝗧𝗔𝗜𝗡𝗘 𝗗𝗘 𝗧𝗥𝗢𝗣𝗛𝗘́𝗘𝗦 𝗗𝗘́𝗥𝗢𝗕𝗘́𝗘𝗦 ! 😳
Michel Platini a été cambriolé ce vendredi 18 juillet à 5h30 du matin à son domicile près de Marseille.
Une vingtaine de médailles et… pic.twitter.com/9rAe328ND2
— Actu Foot (@ActuFoot_) July 18, 2025


