Драган Митковски е граѓанин на Скопје и семеен пријател повеќе од 20 години, одговара градоначалничката Арсовска

Данела Арсовска прес/ Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Не знам што ви е прашањето, која е целта… Се водите од спиновите на „мицковистите“, рече Данела Арсовска во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, одговарајќи на прашања за улогата на лицето Драган Митковски, познат како Драги Книга, во работата на Град Скопје.

На прашањето како би ја дефинирале позицијата, улогата на Драган Митковски, во јавноста познат како Драги Книга, Арсовска одговара,  не знам. Што ви е прашањето, која ви е целта?

Потоа потпрашана дали Драган Митковски нема никаква улога, неформална?

Таа вели дека тоа е нашиот семеен пријател, пријател на нашето семејство повеќе од 20 години. Не знам сега што ви значи во конкретниот случај.

Откако новинарот ја праша дали добро ги знае гласините дека во позадина тој е човекот што, практично, ги влече конците во Град Скопје?

Таа вели: Господине Васко и за вас многу гласини сме чуле, меѓутоа јас не разбирам што е поентата на комуникацијата. Врз чии гласини ние ќе се темелиме и нашите постулати и нашето работење, сè она коешто го застапуваме. Врз оние коишто се обидуваат секојдневно да нè етикетираат? Коишто се обидуваат да не извалкаат секојдневно? Коишто во изминатите две години една работа што ја имаат кажано, ја немаат докажано? Од оние коишто излегуваа на прес-конференции да кажуваат дека бугарски автобуси ќе возат во Скопје пред една година? Вие гледате дека ниту возат бугарски автобуси, ниту пак има нешто од нивните лаги. Од оние што сакаа да кажат дека пречистителна станица ќе граделе турски инвеститори? Па, вие гледате дека ништо од тоа не е вистина! Од оние коишто секој ден излегуваат и на говорница кажуваат работи коишто сите медиуми ги пренесуваа, а не ја пренесуваа спротивната страна? И кој е начинот да се одбраниме ние од тоа, знаете? Времето. Времето ни е најдобар сојузник во докажување на тоа што сите овие луѓе коишто го искажуваа, коишто лажат… дека не е вистина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот