Доживотен затвор за студент кој силувал мажи

Тој е осуден за силување, обид за силување и за сексуално злоставување на 48 мажи во период од 2015 до 2017 година.

Триесет и шестгодишниот Рајнхард Синага, индонезиски студент кој се школувал во Манчестер, Велика Британија денеска од тамошниот суд е осуден на доживотен затвор. Тој е осуден за силување, обид за силување и за сексуално злоставување на 48 мажи во период од 2015 до 2017 година.

Полицијата се сомнева дека бројот на жртвите е Планетамногу поголем, бидејќи сега осудениот имал навика да ги снима жртвите како ги малтретира. На тие снимки, според полицијата од Манчестер има околу 200 лица, а некој малтретирања траеле и до осум часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот