Доволно страдав и решив доволно проблеми: Вил Смит ја промовираше долго очекуваната автобиографија „WILL“

вил смит автобиографија
Фото: Принтскрин / Instagram

Вил Смит ја објави својата нова и долго најавувана книга „WILL“, во која автобиографски разоткрива доста интересни и шокантни детали за неговиот живот, богати искуства и необични совети.

53-годишниот актер се дружеше со обожавателите на настанот „„WILL“: Вечер на приказни со пријателите“ што го водеше актерот и негов пријател Идрис Елба во четвртокот во театарот Савој во Лондон, Англија.

За време на нивниот разговор на сцената, 48-годишниот Идрис го праша Вил зошто решил конечно да напише мемоари.

„Ова беше прв пат кога почувствував дека доволно искусив, доволно страдав и решив доволно проблеми во мојот живот… за да ми биде од помош“, сподели Вил преку The Independent. „Тоа беше прв пат да почувствувам дека можам да кажам работи со стекнат емоционален авторитет за кои мислев дека можат да бидат корисни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filippo Mei (@filippomei1989)

Вил, исто така, објасни како смртта на неговиот татко влијаела на неговата одлука да ја сподели својата животна приказна сега.

„Татко ми почина во 2016 година. Имаше работи во моето детство што никогаш не би ги споделил додека тој беше жив. Се чувствував врзан со лисици на начин што не можев да ја споделам мојата целосна вистина. Тој беше еден од најголемите луѓе што некогаш сум ги познавал… но имаше недостатоци“, објасни Вил Смит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Janice Hurley (@jhimageexpert)

Во книгата, која тукушто излезе, Вил зборува за тајните од неговиот приватен живот како тоа како неговиот син Џејден побарал да биде еманципиран малолетник на 15 години, или како успеале да го оджат бракот со неговата сопруга Џејда Пинкет Смит со која се во брак 24 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Parna Banerjee (@parnab89)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот