Дортмунд не запира, нова мета е ѕвезда на Јувентус

EPA-EFE/DI MARCO

Борусија Дортмунд агресивно тргна во летниот преоден рок, и за само 48 часа комплетира три засилувања за кои потроши околу 85 милиони евра. „Милионерите“ ги комплетираа трансферите на Торган Азар од Борусија Менхенгладбах, Јулијан Брант од Баер Леверкузен и дефанзивецот на Хофенхајм, Ник Шулц. Пред еден месец, Борусија за сума од 23 милиони евра го откупи и договорот со напаѓачот Пако Алкасер.

Но „милионерите“ не планираат да застанат тука, следен на листата на желби е напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ. Хрватскиот репрезентативец иако има договор до „старата дама“ до 2021 година, неговата иднина не е сигурна, посебно доколку како нов тренер пристигне Маурицио Сари кој веднаш со него ќе го донесе и Гонзало Игуаин.

Токму неизвесноста околу првотимскиот статус Манџукиќ во Јувентус, сака да ја искристи Борусија Дортмунд, и веќе се направени контакти со менаџерот на Хрватот. Тренерот Лусиен Фавр дал зелено светло да се започнат преговори со италијанскиот шампион и за очекување е до крајот на летниот преоден рок да се реализира и ова засилување со што Борусија Дортмунд би бил и повеќе од сериозен конкурент на Баерн Минхен за титулата во Бундес лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот