Доријан Бабунски пред трансфер во швајцарскиот Грасхоперс?!

фото: instagram.com/dvscofficial

Има најави дека Доријан Бабунски ќе си замине од Дебрецен, а детали за ова откри за унгарскиот „М4 спорт“ тренерот на клубот, Срѓан Благојевиќ.

Македонскиот репрезентативен напаѓач наводно преговара со странски клубови.

– Бабунски не е во составот, тој преговара со странски клубови. Се води процес, чии детали не ги знам, но затоа решивме да не биде во составот против МТК – изјави Благојевиќ за „М4 спорт“ пред лигашкиот натпревар против МТК.

„Немзети Спорт“ информира дека нашиот 26-годишен напаѓач ќе потпише договор со Грасхоперс од Швајцарија.

За Дебрецен во сезоната 2021/2022 во унгарскиот шампионат имаше 16 настапи и четири голови, лани запиша 30 настапи и 13 голови, а летово имаше два настапи и еден гол. Претходно на клупски план беше дел и од Фуенлабрада, Олимпија Љубљана, Радомље, Мачида Зелвиа, Кагошима јунајтед и Ботев Враца.

Грасхоперс не ја започна најдобро новата сезона во најсилната швајцарска фудбалска лига, по пет кола е на деветтата позиција со четири бодови, седум помалку од водечкиот Цирих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот