Дончиќ и Словенија останаа без медал

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Кошаркарската репрезентација на Австралија го освои бронзениот медал на Игрите во Токио откако во натпреварот за третото место со 107:93 ја совлада Словенија.

Словенечките кошаркари постојано беа во негатива и успеваа да се вратат во игра, но не можеа да го запрат Пети Милс. Бекот на Австралија и на Сан Антонио спарс одигра неверојатен натпревар, постигна 42 поени и имаше девет скокови. Добра партија имаа и Џо Инглс со 16, Џок Лендејл со 14 и Данте Ексум со 12 поени. Кај селекцијата на Словенија прво име беше Лука Дончиќ со 22 поени, осум скокови и седум асистенции, Клемен Препелиќ даде 18 поени, а Мајк Тоби 13 поени.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете репрезентации, за во финишот од втората четвртина Австралија ги искористи грешките на противникот и дојде до предност од осум поени (53:45). Второто полувреме помина во обидите на Словенија да се врати во игра, но Австралија на спротивната страна го имаше Милс кој не дозволи комплетен пресврт и ѝ го донесе бронзениот медал на својата репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот