Донарума: Најмногу ме болеа лагите, никогаш не сум побарал ниту едно евро
Голманот на Манчестер сити и капитен на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, за првпат се огласи по кошмарната ноќ во Зеница и поразот од Босна и Херцеговина во квалификациите за Светското првенство.
Препорачано
Донарума се најде на удар на критики и свирежи од публиката поради неговото однесување во текот на натпреварот. Освен задржувањето време, кое и не е невообичаено, голманот често влегуваше во конфликти со противничките фудбалери.
Како капитен, Донарума ги предводеше „аѕурите“ на дуелите против Северна Ирска и БиХ, а по една недела молк реши да проговори и да открие што најмногу го погодило.
Тој категорично ги демантираше информациите дека италијанските репрезентативци барале премии за пласман на Мундијалот. Дел од медиумите објавија дека пред натпреварот во Зеница, играчите побарале по 10.000 евра бонус за победа над БиХ.
„Најмногу ме погодија лагите што се појавија. Како капитен, никогаш не сум побарал ниту едно евро од репрезентацијата. Во националниот тим, како и на секое натпреварување, вообичаено е да се додели бонус ако се исполни целта. Тоа е сè, никој ништо не барал од федерацијата“, изјави Донарума за „Скај спортс“.
Тој додаде дека најголема награда за тимот би бил самиот пласман на Светското првенство.
„Нашиот вистински подарок ќе беше пласманот на Мундијалот, но за жал тоа не се случи. Повеќе ме повредија коментарите и зборовите што беа изречени, отколку што било друго“, истакна капитенот на Италија.
ВИДЕО: Донарума збесна по поразот на Италија – сакаше да се тепа на теренот во Зеница


