Донација за ЈЗУ Здравствен дом Струмица: Заштитни маски и скафандери во вредност од 5.000 евра

Хероите на 2020 година се исправаат пред нов предизвик – есенскиот втор бран на ковид-19. Желбата да се поздрави досегашниот напор на здравствените работници, но и да се поддржи здравствениот сектор онаму каде е најпотребно беше мотивација за „Еуромакс Ресорсис“да донира заштитна опрема (маски и скафандери) за здравствените работници во Здравствениот дом Струмица.

Во комуникација меѓу директорката на ЈЗУ Здравствен дом Струмица, Љубица Митева и претставници на „Еуромакс Ресорсис“ во изминатиот период се прецизираа кои се моменталните приоритети за медицинските лица. Се покажа дека високо на листата е безбедноста и заштитата на здравствените работници за навреме и квалитетно да можат одговорат на потребите на оние на кој им се најпотребни – пациентите.

 Денес, во услови на економска криза предизвикана од пандемијата Ковид-19, компанијата „Еуромакс Рисорсис“ ја покажа својата хуманост и солидарност преку спонзорство на стоки за лична заштитна опрема (маски и скафандери) за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Струмица. Донацијата на лична заштитна опрема е во интерес на јавното здравје и здравјето на здравствените работници, во спроведување на мерките за спречување на ширењето и сузбивање на корона вирусот. Вредност на донацијата е 5.000 евра. Од мое лично име и од името на сите вработени изразувам голема благодарност до компанијата за несебичната поддршка со донацијата“, вели директорката на ЈЗУ Здравствен дом Струмица, Љубица Митева.

За Еуромакс Ресоурцес оваа донација е уште еден чекор во насока на поддршка на институциите во Струмица, а како што дообјасни Живко Груевски, директор за корпоративни комуникации, на неа гледаат како на почеток на идна соработка.

„Веруваме дека оваа опрема што е неопходна за секојдневното функционирање на Здравствениот центар во Струмица ќе овозможи и подобра здравствена заштита за населението. За „Еуромакс Ресорсис“ ова е почеток што отвора можности за натамошни активности кои треба да придонесат за подобрување на севкупното живеење во Струмица и во околината. Како инвеститори мотивирани сме да градиме партнерски однос со локалната заедница и со взаемна поддршка да го развиваме тој однос. Дел од нашите вработени живеат тука, во Струмица и околината и природно е да тука ја насочиме и нашата поддршка како корпоративно одговорна компанија“, изјави Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавност во „Еуромакс Ресорсис“. 

„Еуромакс Ресорсис“, инвеститор на мега проектот „Рудник на можности“, опстојува на определбата Иловица – Штука да биде модерен рударски комплекс, изграден и управуван согласно највисоките европски и светски стандарди. Комплексот во првите години од изградбата и подоцна ќе вработи околу 1.000 лица, од кои пола ќе бидат директно вработени во рудникот штом почне со работа.

Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. „Рудникот на можности “ ќе придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3 отсто на годишно ниво и ќе се квалификува во првите Топ 3 извозни компании од Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот